Кандскиот авантурист Елија Сајкали додека се качувал на планинскиот врв Монт Еверест успеал да направи фотографија од замрзнат маж на патеката кон врвот на Хималаите.
Деновиве светските медиуми пишуваат за големиот метеж на највисокиот врв во светот, откако 11 планинари загинале во период од девет дена. На сликата се гледаат мртвите алпинисти кои со јажиња биле врзани за патеката што води до самиот врв на Хималаите.
„Овој кутар човек виси 2.130 метри над таканаречената Долина на тишината. Сите можат да го видат. Ваквата слика потсетува дека смртта секогаш може да нè чека зад кривината. Дали ова е ‘сонот за Еверест’ што го замислувавме“, напишал Сајкали.
„Минавме покрај 60 луѓе во текот на ноќта и стигнавме до врвот по изгревањето на сонцето. Температурата беше под нулата, а нивото на кислород многу ниско. Сонцето го осветлуваше патот кон врвот и тогаш го видов замрзнатиот човек. Иако ми беше жал за него и неговото семејство, знаев дека морам да продолжам понатаму. На 900 метри над нивото на морето, немаш друг избор. Кој е тука одговорен? Поединци, компанија? Владата? Што е решението?“, прашува канадскиот планинар.
Поради новонастанатата ситуација, властите во Непал се под силен удар на светската јавност. Официјалните лица во Непал ги отфрлиле обвинувањата дека е зголемен бројот на жртви на Монт Еерест, вклучувајќи го и преголемиот метеж, односно преголемиот број планинари на врвот.
Директорот на одделението за туризам, Данд Рас Гимир, изјавил дека е потребно да се согледаат и други аспекти, како што се лошите временски услови. Фотографијата на Нирмал покажала колка метеж се прави на ова место.
До сега на Монт Еверест загинале повеќе од 300 алпинисти, а од нив околу 200 најверојатно засекогаш ќе останат на висина над 8.000 метри, замрзнати.
Its hard to believe but its a queue at Hilary step on Mount Everest. There is a traffic jam of people who want to climb Mt. Everest. Carrying capacity ?? pic.twitter.com/ROKEZEfDz1
— Parveen Kaswan, IFS (@ParveenKaswan) May 24, 2019
Но кога ќе ги погледнеш, раскажуваат алпинистите, изгледаат како да се живи. Едноставно, како да спијат. Еден од загинатите чие тело е некаде под врвот е на Димитар Илиевски Мурато, првиот Македонец кој го освои хималајскиот врв во 1989 година.
https://reporter.mk/gjuture/mont-everest-masovna-grobnitsa-na-200-smrznati-alpinisti-megu-niv-i-makedonets/