(ФОТО) Света крава! – Ова теле е „плукнато“ Џин Симонс

Сопственичката на оваа фарма наведува дека во моментите на отелувањето, на радио свирел „Kiss“, па можеби Џин е „духовен тетко“, на оваа кравичка.Телето кое дојде на свет на 28 јули, го сврте вниманието на сите фанови на групата „Kiss“, ширум светот, затоа што е плукнат на басистот на оваа група Џин Симонс. Телето, беше наречено Џини, и беше отелено во Кервил во Тексас.

Според зборовите на сопственикот, со сличен изглед, Џини, баш како и Џин, сака да го покажува својот супер долг јазик.

Оваа приказна сигурно ќе биде уште една во низата на оние од бендот „Кис“, која ја вклучува и урбаната легенда дека Симонс по хируршки пат го вградил кравјиот јазик.

 

 

Но, сопственичката на фармата наведува дека во таа прилика на отелувањето, свиреле „Kiss“, па можеби Џин му е „духовен татко“ на ова теленце.

На веста за Џини, реагираше на Твитер и самиот Сиомонс: „Вистина е, народе!“.

 

Scroll to Top