(Фото) Три тони злато паднаа од авион на писта во Русија

Вратата на рускиот товарен авион Аn-12, кој превезувал драгоцени метали, случајно се отворила при полетувањето на авионот од аеродромот во Јакутск и на пистата паднале околу три тони злато.

Во тек е истрагата околу овој инцидент.

Авионот Аn-12 на авиокомпанијата „Нимбус“ полетал денеска од Јакутск за Краснојарск, со 9,3 тони злато и други драгоцени метали, соопшти државниот Истражен одбор.

Според прелиминарните информации, пронајдени се 172 златни шипки со тежина од 3,4 тони, навеле од Министерството за внатрешни работи во таа област и додале дека дел од товарот испаднал затоа што вратата не била добро прицврстена.

Авионот безбедно слетал на аеродромот Маган, 12 километри од Јакутск . Во авионот имало пет члена од екипажот, и никој не е повреден.

Сликите објавени на социјалните мрежи покажале дека златните плочки биле растурени по пистата.

Scroll to Top