Велшанката Сијан Тедејл од Свонси потрошила 30 часа во украсување на својата новогодишна елка. Таа инсптирирана од цртаниот филм на „Дизни“ ја украсила елката да изгледа исто како и во „Убавица и ѕверот“.
Дваесет и деветгодишната Сијан на елката работела три дена по осум часа. Таа рачно ги изработувала жолтите и црвените украси за дрвото. Потоа шест часа ги поставувала жолтите и розовите лампиони и црвените и жолтите ленти на дрвото.
За целата работа потрошила 150 долари.
„Минатата година одлучив да ги проучуам украсите инспирирани од приказната за „Убавицата и ѕверот“. Но, на крајот решив да направам нешто поголемо и подобро. Не можев да најдам лампиони со вистинската жолта боја, па затоа сама ги боев за да бидат иста нијанса како фустанот на Бела“, вели Сијан, која е мајка на едно дете.
Најмногу ја чинеле оригиналните украси на „Дизни“, кои ги има само десет, а за нив дала меѓу 12 до 15 долари. Таа вели дека ќе собере уште до следниот Божик.