(Фото) Тригодишно девојче починало, а нејзината помала сестра се бори за живот, мајка им ги заборавила во жешкиот автомобил

Тригоишно девојче од Арканзас починало, а нејзината помлада сестра се бори за живот, откако двете биле пронајдени на задното седиште во автомобилот, кој бил паркиран пред нивната куќа.

Нивната мајка во тоа време спиела во куќата. Полицијата соопштила дека добила повик околу 14 часот пред, нивната мајка Јајли Петченик (21), изјавила дека ќерите и исчезнале, пренесува „Дејли Мејл“. Таа на полицијата им рекла дека нејзината ќерки Лајкин (3) и Оливија (15 месеци) исчезнале кога се разбудила од спиење.

Полицијата веднаш пристигнала на лице место. Еден од полицајците откриле дека девојчињата лежат без свест во автомобилот на нивната мајка. Постарото девојче био однесено во локалната болница каде била прогласена за мртва. Нејзината помлада сестра се наоѓа во критична состојба и се бори за живот.

„Двете веројатно биле жртви на топлото време“, заклучила полицијата.

Еден од соседите изјавил дека мајката на двете девојчиња работела ноќна смена и дека поради тоа веројатно легнала да одмори преку ден. Докторите апелираат децата да не се оставаат сами во текот на летните денови.

Температурите во автомобилот брзо растат и можат да станат опасни по здравјето на човекот.

Scroll to Top