Тринаесетгодишниот Никола од село Дудовик, кај Обреновец, е најмладиот автомеханичар во цела Србија. Луѓето кои што работат со него велат дека е трипати поспособен од постарите механичари во струката.
Не постои автомобил чии карактеристики тој не ги познава. Никола им поставува дијагнози и дава совети на социјалните мрежи. Вели дека љубовта за овој занает почнала сосема случајно. Дома има мала работилница, која ја нарекува свое царство, а во неа тој е вистински цар.
„Отсекогаш ме интересирале поправките и алатот. Работилницата ја направив сам, но за набавка на алатот му помогнаа родителите. Засега научив да ги поправам основните работи на автомобилите, дефекти на електрониката, моторни машини за дворовите и слично“, вели Никола.
Во моментов вели дека работи на поправка на моторната косилка, на која и открил три дефекта. Момчето вели дека занатот го учи од мајстор Љубе и дека кај него има се што му е потрено од алат. За мајтор Љубе вели дека му е добар ментор.
„Го примив да работи за да научи да стане добар мајстор. Не се срами да праша нешто што не го знае, а многу работи и ние од него учиме. Тој е млад и пред него е голема иднина. За разлика од големиот број негови врсници, Никола сака да работи. Фала му на бога што имаме вакви деца “, изјавил мајстор Љубисав Црногориќ.