(Фото) Верка Сердучка ѝ покажа среден прст на Русија: Не го даваме срцето наше

Украинската пејачка и комичарка, Верка Сердучка, која пееше на Евровизија, повика да се поддржи украинската армија и силите за територијална одбрана. Таа објави фотка на Инстаграм на која ѝ покажа среден прст на Русија.

„Подалеку, подалеку, подалеку! Стоиме не го даваме срцето наше, да ѝ помогнеме на армијата, да ѝ помогнеме на одбраната, да си помогнеме едни на други“, стои во пораката.

За потсетување, Сердучка ја претставуваше Украина на Евровизија во 2007 година и го освои второто место со песната Dancing Lasha Tumbai. Но откако победи на домашниот избор, Русија поднесе приговор со ЕБУ во кој бараше да се смени текстот во песната, па зборовите Russia Goodbye беа заменети со Lasha Tumbai и со тој текст Верка настапи на изборот што таа година се одржуваше во Финска.

Scroll to Top