(Фото) Во Лондон најдено напуштено Ламбурџини вредно 270.000 фунти

Уништено виолетово Ламбурџини оставено во канал покрај пат во Лондон го привлече вниманието на случајни минувачи. По направената истрага полицијата утврдила дека возилото му припаѓа на Мајкл Хатсон и дека истото вреди околу 270.000 фунти, пишува klix.ba.

Мајкл подоцна објаснил дека додека се возел, во обид да избегне една од пречките на патот, излетал и завршил во каналот. Мајкл фотографиите од уништеното Ламбурџини ги објавил на социјалните мрежи и објаснил дека за среќа никој не е повреден во незгодата. Вели дека како и секое друго возило, така и ова може да биде поправено.

„Секој автомобил може да се поправи. Па така и овој. Јас сум добро и сигурен сум дека автомобилот брзо ќе биде во возна состојба“, напишал Хјустон.

Scroll to Top