(Фото) Во најголемото турско езеро откриен замок стар 3000 години

By

Група нуркачи открија замок стар 3000 години, во водите на најголемото езеро во Турција, Ван. Тимот на турски археолози, заедно со Ташино Цејлан на чело, на десетина метри под површината на езерото открија древна структура која се протегува на нешто помалку од еден километар и е опкружена со ѕидови.

„Имало гласини дека може има нешто што се крие под водата, но повеќето археолози биле убедени дека нема да најдеме ништо. Фантастично е чувството кога го пронајдовме замокот под водата“, вели Цејлан.

Според историските податоци се проценува дека подводната градба е стара 3000 години. Ѕидовите се најверојатно составени од камен од периодот на Урат цивилизацијата, која постоела од 860 година пред нашата ера, до 590 година пред нашата ера.

Урат, кој исто така е познат и како кралството Ван, била древна цивилизација која се населила во деловите на денешна Турција, Ерменија и Иран.

 

Ќе ви се допадне