(Фото) Снег во Сахара

Падна снег во најголемата пустина на светот – Сахара. Неколкуте сантиметри снег го прекриле регионот на алжирскиот град Аин Сефра, кој се наоѓа во пустината.

Јануари е период во кој може да се види снег и лед во многу делови во светот, а пустините во Африка и на Блискиот Исток обично не се меѓу нив. Но, месецов на овие места се забележани температури под нулата, а на пешачките дини во Сахара е забележан и лед.

На некои од направените фотографии може да се видат овци како стојат на дините покриени со лед на температури од -3 Целзиусови степени.

Пустината Сахара покрива поголем дел од Северна Африка. Во овој дел е забележана промена на температурата и влагата во последните 100 илјади години.

Иако денес е многу сува, се очекува оваа пустина повторно да стане зелена во наредните 15.000 години. Луѓето од Саудиска Арабија се израдуваа на овој редок феномен.

Велат дека поминало речиси половина век откако температурите во регионот паднале под нулата.

 

Scroll to Top