Фотографија на „Гугл мапс“ разреши мистерија за маж што исчезнал пред 20 години

Конечно, се разреши мистеријата за маж што исчезнал пред дваесет години откога „Гугл мапс“ сними потонат автомобил во езеро во близина на Палм Бич, Флорида.

Потрагата по исчезнатиот Вилијам Молт почнала на 8 ноември 1997 година, но не дала никакви резултати сè додека еден маж на мапата на „Гугл“ не забележал потонат автомобил во езерото и ја известил полицијата.

Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата во Велингтон, открила дека автомобилот бил во водата подолго време, со оглед на тоа во каква состојба бил пронајден. Кога го извлекле од езерото, пронашле посмртни останки, кои припаѓале на исчезнатиот Молт.

Тој последен пат бил виден кога го напуштил ноќниот клуб во кој се забавувал. Околу 21.30 часот ѝ се јавил на девојката и ѝ рекол си оди дома, но никогаш не стигнал. Најверојатно, Молт изгубил контрола над возилото и слетал во езерото.

Според The Charly Project, онлајн-база на податоци за случаи во САД, автомобилот бил видлив повеќе од 10 години. Еден неодамнешен извештај тврди дека сателитските снимки од возилото биле достапни на „Гугл“ од 2007 година, но дотогаш никој не наишол на нив.

 

Scroll to Top