14 мај 2016 година е денот што бил судбоносен за младата Филипинка Рита Гавила.
Дванаесетгодишното девојче, додека просело на улица, било фотографирано од страна на Тофер Кинто Бургос, а две години подоцна таа станала актерка и манекенка што има многубројни обожаватели во Азија.
Девојчето просело на улиците за да им помогне на родителите да може да го прехранат семејството. Покрај Рита, имале уште пет деца.
„Бевме маѓепсани од нејзината убавина“, вели фотографот Тофер Кинто Бургос опишувајќи го моментот кога првпат ја видел Рита. Побарал соодветен агол и ја фотографирал.
Фотографијата на интернет е споделена повеќе од милион пати. Корисниците се сожалиле на девојчето и почнале да собираат пари за нејзиното школување. Медиумите исто така се заинтересирале за неа. Набргу потоа се појавила во филипинското шоу „Големиот брат“. Ова реално шоу ѝ помогнало да стане ѕвезда во земјата.
На „Инстаграм“ денеска ја следат повеќе од 10.000 луѓе. Благодарение на својата убавина и фотографии, таа се извлекла од сиромаштијата.
Под сликата напишала:
„Добро го паметам денот кога ме фотографираа. Бев малку уплашена и тажна затоа што не знаев што ќе се случи“, вели таа.
Најмногу се плашела дека ќе ја уапсат поради тоа што просела, но работите тргнале во позитивна насока благодарение на фотографот со кого и денеска е во контакт.