Фудбалер во Белград се уби поради долгови

Поранешен играч на футсал Бојан Периќ (35) се самоубил со ловечка пушка во автомобил на празен паркинг во близина на трговскиот центар „Рода“ во Белград.

Несреќниот настан се случил вчера околу пет часот утрината, во близина на автопатот Белград – Шид кај Нови Белград.

Како што пренесуваат медиумите, Бојан си го одземал животот поради долгови.

Случајните минувачи ја забележале во неделата утрото страшната слика пред супермаркетот.

Нема сведоци

„Немало сведоци во моментот на пукањето, но, судејќи според трагите кои полицијата ги откри на увид, Бојан си пукал додека седел во своето ‘бе-ем-ве’. Неговото тело го пронашле случајни минувачи пред возилото, покрај отворените врати, а се сомневаат дека починал на местото на настанот, и тоа неколку часа пред да биде пронајден. Очигледно е дека се подготвувал за овој чин и го избрал тој паркинг и време кога било местото празно за евентуално некој да не му го загрози планот“, вели извор близок до истрагата за српските медиуми.

Според неофицијалните податоци, мотивот на ова самоубиство биле наводно долговите во кои западнал, а како што пренесуваат медиумите, дежурниот обвинител не дал налог за покренување истрага.

„Тој дел од паркингот на трговскиот центар не е покриен со камера. Не знаеме ништо, само слушнавме дека полицијата тука била цела ноќ“, раскажуваат работници од трговскиот центар.

Успешна кариера

Како што пренесуваат медиумите, Бојан долг период играл футсал.

„Успешната кариера ја завршил пред неколку години во еден клуб во Нова Пазова. Ги оставил зад себе сопругата и шестгодишната ќерка“, вели извор близок до Бојан.

„Бојан не се жалеше на семејни или деловни проблеми. Неговите роднини и пријатели биле шокирани. И понатаму не веруваат што се случило. Тој беше многу врзан за ќеркичката“, дополнува изворот.

Бојан инаку бил пријател со бројни српски фудбалери, кои и денеска играат во познати европски клубови, а некои се и репрезентативци на Србија.

Репрезентативецот Душко Тошиќ во шок: „ТЕШКО МИ Е, ПОРАСНАВМЕ ЗАЕДНО“

Фудбалерот на турски Бешикташ и репрезентативец на Србија, Душко Тошиќ, беше видно потресен поради смртта на добриот пријател Бојан Периќ. „Изненаден сум! Тешко ми е. Бевме добри пријатели. Се знаевме од младите категории на ОФК Белград, каде и двајцата ја почнавме кариерата. Потоа животот нè раздвои. Но, кога и да отидев на пауза во Белград, се гледавме. Игравме заедно мал фудбал. Бојан беше мајстор на мал терен“, со доста треперење во гласот зборуваше сопругот на Јелена Карлеуша и тивко додаде:„Имаше ќеркичка и сопруга… Што е мотивот? Навистина не знам. Многу ми е тешко, обидете се да разберете“

Scroll to Top