Фудбалски репрезентативец на Авганистан загина при обид да избега од државата

Фудбалскиот репрезентативец на Авганистан, Заки Анвари, загина по пад од американскиот авион Боинг Ц-17 на аеродромот во Кабул во понеделникот, објавија тамошните медиуми. Тој се обидел да избега од државата.

Анвари беше дел од групата на луѓе кои се качуваа на крилото на авионот C-17A, во обид да се качат на него за да го напуштат Кабул, откако талибанците дојдоа на власт. Многу од нив се обидоа да се качат на авинот во движење.

 

Фудбалерот паднал од авионот при неговото полетување. Веста за неговата смрт ја потврди авганистанската генерална дирекција за спорт.

Американските воени претставници во понеделникот соопштија дека седум лица загинале во хаосот на аеродромот во Кабул, вклучувајќи ги и оние што паднале од американскиот воен транспортен авион.

 

Scroll to Top