(Галерија) Избрани десетте најубавите острови во Европа за 2020 година

Специјализираното списание за патувања Travel + Leisure и оваа година направи листа на најубавите европски острови. На листата доминират островите од Грција, па седум од вкупно 10 острови се од оваа земја.

dobivaj vesti na viber

Читателите на списанието го прогласија грчкиот остров Парос за најубавиот европски остров. Оваа титула му припадна поради комбинацијата од прекрасни плажи, традиционална архитектура, сликовити села, археолошки наоѓалишта и богат ноќен живот. Парос првото место оваа година го презеде од островот Милос, исто така во Грција, кој годинава се најде на второто место. На третото место е италијанската Сицилија. По ова се Азорските Острови, пеети е Хвар, па уште еден грчки остров, Крит. На седмото место е италијанскиот остров сместен близу Неапол – Искја. По него следуваат Мајорка и Мадеира, а на деветтото и десеттото место повторно се грчки острови – Родос и Додеканези.

Парос, Грција

Милос, Грција

Сицилија, Италија

Азорски острови, Португалија

Хвар, Хрватска

Крит, Грција

Искја, Италија

Мајорка, Шпанија

Мадеира, Португалија

Родос, Грција

Додеканези, Грција

Scroll to Top