(Галерија) Милионери кои никогаш не завршиле факултет

Некои луѓе се доказ дека не е секогаш потребна диплома за успешна кариера. Некои од најбогатите и највлијателни луѓе во светот кои имаат милијарди никогаш не зеле факултетска диплома. Од Бил Гејтс до Марк Закерберг, ова се милионерите без диплома.

Бил Гејтс

Гејтс две години студирал на Харвад пред да замине и да го изгради тоа што денес сите го знаат како „Мајкрософт“. Дневниот студенски весник на Харвард, The Harvard Crimson, го опишал Гејтс како „најуспешниот студент што ги напуштил студите на Харвард“. Денес тој е вториот најбогат човек на планетата.

Марк Закерберг

И Марк бил студент на Харвард, но исто така решил да го напушти факултетот за да ја основа најголемата социјална мрежа „Фејсбук“. Според книгата The Facebook Effect, на Закерберг му требале само пет минути за да ја донесе одлуката и да се откаже од факултетот. Денес тој е петтиот најбогат човек на светот.

Џулијан Асанж

Пред да стане контроверзен компјутерски хакер, Асанж студирал математика на Универзитетот во Мелбурн. Се откажал од факултетот на само 19 години.

Лари Елисон

Денес Елисон е познат како основачот на „Оракл“ и софтверски милијардер. Додека растел, луѓето кои го посвоиле го охрабрувале да биде доктор. Лари решил да ги послуша, но поради проблеми со медицинските курсеви, решил да се откаже. Денес неговото богатство се проценува на над 55 милијарди долари.

Еван Вилијамс

Вилијамс пораснал на фарма во Кларкс, Небраска. Започнал со студии на Универзитетот во Небраска и по три семестри решил да го напушти факултетот. Вилијамс бил фриленс програмер за „Хјулит Пакард“ и „Интел“ пред да почне да работи во „Гугл“. Подоцна ја напуштил својата работа таму за да го создаде „Твитер“ и да стане милијардер.

Јан Коум

Имигрантскиот претприемач Коум се откажал пред дипломирањето. Работел за „Јаху“ пред да ја измисли неверојатно популарната апликација за праќање пораки „Ватс ап“.

Џон Макеј

Пред да се откаже од факултетот и да позајми 45.000 долари за да отвори продавница за здрава храна наречена „Сејфер веј“, Џон студирал религија и филозофија на Универзитетот во Тексас. Денес тој вреди преку 100 милиони долари.

Scroll to Top