(Галерија) Момчето од чоколадото „Киндер“ е родено во Белград и денес е светски модел

Алесандро Егер (29), момчето од пакувањето на чоколадото „Киндер“, е српско-италијански модел, роден во Белград. Освен што се занимава со манекенство, тој и глуми, па неодамна го привлече вниманието на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција.

Алесандро е роден на 6 септември 1991 година во Белград. Брзо потоа неговото семејство се преселило во Италија за да побегнат од војната во Југославија. Таму ја добил својата прва работа како модел, кога се сликал за пакувањето на чоколадото „Киндер“.

По неколку години пауза, Алесандро почнал и професионално да се занимава со манекенкство. Тој бил главен модел на ревиите на „Долче и Габана“ и „Версаче“, а снимил и бројни телевизиски реклами за светски и помалку познати производи. Во 2017 година учествуваше во реалното шоу „Пекинг експерс“ заедно со својата мајка, каде што луѓето со автостоп треба да стигнат до Пекинг.

Веќе девет години е во врска со манекенката Мадалин Дорофтеи, која беше избрана за Мис Романија.

 

View this post on Instagram

 

Il momento prima del carpet è sempre speciale, ma lo è ancora di più quando lo condividi con chi ami ❤️

A post shared by Alessandro Egger (@alessandroegger) on

Scroll to Top