(Галерија) Најстариот хотел во светот го води истото семејство повеќе од 1.300 години

Хотелот „Нишијама Онсен Киункан“ во Кјото, Јапонија, е стар повеќе од 1.300 години. И покрај староста, хотелот и денес го води истото семејство што го основало пред повеќе од еден милениум и досега го воделе 52 различни генерации.

Хотелот бил изграден во 705-та година, од страна на Фуџивара Махито. Во 2011 година хотелот беше официјално прогласен за најстар во светот од Гинисовата книга на рекорди.

Хотелот низ годините бил надградуван и реновиран, но сепак успеал да ги задржи историската традиција и атмосфера. Бањата во хотелот била реновирана, но подовите, собите и градините останале речиси недопрени. Хотелот нема ни интернет.

Бањата на хотелот е во употреба уште од 705 година, а во сите 1.300 години била посетена од многу познати лица, туристи, политичари. Хотелот има четири бањи на отворено и две во затворен простор. Водата доаѓа од 4 различни извори и содржи натриум, калциум нитрат и хлор.

Собите се уредени во јапонски стил, а од секој прозорец се гледа спојувањето на реките Хајакава и Јукава.

Scroll to Top