(Галерија) Разголени диџеи одат со ладно пиво и одлична журка: Почна Охрид колинг и ги врати забавите со електронска музика

Како во најубавите времиња пред пандемијата, вчеравечер во Kасарната во Охрид беше првата од трите журки на „Охрид колинг“. Фестивалот на електронска музика, Авалон на големо го најави уште утрото со авион кој прелетуваше над плажите во градот за да потсети на тридневниот музички фестивал со странски и домашни музички имиња и диџеи.

Фестивалот кој се одржува по една година пауза, беше вистинско освежување за посетителите. Како едвај да чекаше да почне забавата, па во касарната дојдоа и пред време. Сè имаше, од реквизити за журкање, светла во различни бои, големи очила, студено пиво…

Прва на големата сцена излезе Јана Слеј и ја загреа публиката за настапот на „Ванилаз“. Диџеј-дуото од Словенија, беа вистински ѕвезди на фестивалот. Момците се расоблекоа додека пуштаа музика. Се качуваа на бината, играа меѓу огновите, скокаа и ја кренаа публиката до делириум.

Како што одминуваше вечерта, така се разгоруваше и забавата. Добрата музика не остави никого рамнодушен оти одамна и немало журки заради пандемијата. Одлични беа диџеј сетовите на дуото „Винаи“ и на девојките од „Нерво“, беа хедлајнери на вечерта.

„Охрид колинг“ има уште две журки, а вечерва ќе настапат македонскиот диџеј Делоски, Сара Јо и Сенида. Организатор на фестивалот е „Авалон продукција“.

Текси и фото: Редакција Репортер

Scroll to Top