(Галерија) Со пиштол и прстен среде Скопје, Филип ја побара за жена фитнес-инструкторката Ана Стојанова

By

Ана Стојанова е една од најпознатите фитнес-тренери кај нас. Пред неколку дена нејзиниот дечко ја побара за сопруга на уникатен начин, а потоа соделија и фотографии на инстаграм-профил.

dobivaj vesti na viber

Во униформи и со пиштоли на себе, тие снимале видео наменето за армијата на Ана, односно на девојките кои се дел од нејзините програми за слабеење и обликување на телото, и токму на снимањето Кирил ја изненадил со предлогот за брак. Сето ова се случувало на покривот на ГТЦ во Скопје.

„Кирил е сѐ што не сум можела ни да замислам, а сум сакала да ми се случи. Оние коишто ме следат поодамна знаат дека јас никогаш немаше да стигнам до тука ако не беше неговото искуство, знаење и поддршка во работата. Од првиот ден кога се појавив на оваа платформа знам дека го имам најголемиот грб на Македонија зад мене да ме чува, а од истиот тој човек ја црпам целата моја енергија, љубов и сила за да ви ја дадам вас“, вели Ана.

 

Ќе ви се допадне