(Галерија) Траги од гуми се гледаат на најновите фотографии што ги направи кинескиот ровер на Марс

By

Кинеската национална вселенска агенција објави пет нови фотографии што нивниот ровер Џуронг ги направи на Марс. Роверот успеал на површината на Црвената Планета да сними камења и траги од гуми на некакво возило.

Првата фотографија е снимена на 26 јуни и на неа се гледа пејсаж од Марс. На втората фотографија, која е снимена на 4 јули, исто така се гледаат делови од површината на Црвената Планета.

На третата и четвртата фотографија се гледаат карпести предели и нешто што изгледа како траги од гуми кои роверот ги оставил зад себе.

На петтата фотографија, која е направена во боја, се гледаат трагите од гуми, како и соларните плочи и антените на роверот. Џуронг на 15 мај успешно снимил една огромна пространа рамнина со име Утопија.

Роверот од Земјата тргна на јули 2020 година, со кинеското летало Тианвен – 1. Леталото во февруари влезе во орбитата на Марс. Наречен по кинескиот бог на огнот Џуронг досега минал 58 дена на Марс. Тој поминал повеќе од 300 метри, пренесе кинеската новинска агенција CGTN.

За време на престојот, роверот патувал на југ користејќи ја својата навигациона камера за фотографирање на пејсажите на Марс. Тој користи радар за површинско пребарување, метеоролошки монитор и инструмент за откривање на магнетно поле и изведување експерименти.

 

Ќе ви се допадне

Website https://gogoanime.be: Watch Beyblade the Movie: Decisive Battle! Takao VS Daichi (Dub) gogoanime Episode Full sword art online gogoanime

Website https://wcostream.cc: Watch Towanoquon: The Roaring Anxiety (Dub) wcostream Episode Full wcostream one piece

Website https://animekisa.in: Watch Compiler 2 (Dub) animekisa Episode Full watch anime dub

4Anime: Soul Worker: Your Destiny Awaits (Dub) anime episode 5 online free at https://4anime.biz persona 4 the animation crunchyroll

Vingle: https://www.vingle.net/animeflixnl

Fliphtml5: https://fliphtml5.com/homepage/hrune