(Галерија) Во Дубаи се отвори најдлабокиот базен за нуркање во светот

Во Дубаи е отворен „Дип дајв“, најдлабокиот базен за нуркање во светот. Посетителите ќе можат да се спуштат на длабочина од 60 метри до потопениот град и да играат фудбал на мали голови или да возат мотор.

Базенот е исполнет со 14 милиони литри вода, која може да се смести во шест олимписки базени, а од Гинисовата книга на рекорди доби потврда дека е најдлабокиот базен на светот за нуркање. Компанијата што управува со базенот наведува дека е 15 метри подлабок од кој било друг базен во светот.

Дизајниран е во форма на школка, како асоцијација на традицијата на лов на бисери по која се познати Емиратите, а воедно е и најголемото подводно филмско студио во регионот.

Нуркачите се спуштаат кон потонатиот град, кој е опремен со звук и осветлување.

Scroll to Top