(Галерија) Ѕвездите на „Јужен ветер“ ја воодушевија македонската публика: Хит-филмот имаше премиера во Скопје

Премиерата на српскиот филм „Јужен ветер: Забрзување“, вчеравечер во Скопје ги собра актерите Миодраг Радоњиќ, Младен Совиљ и Ненад Хераковиќ, заедно со режисерот Милош Аврамовиќ. Во киното Синеплекс стотици фанови неколку часа се дружеа со главните актерии. Се сликаа, правеа селфи, им бараа автограми. И не го криеја воодушевувањето што некои од нивните омилени актери се во Скопје, па сега имаа можност да ги видат одблизу, а не само на филмското платно. На скопската премиера дојдоа и 2 Бона и Таско.

А по проекциите на филмот кои беа целосно распродадени, актерите и режисерот на „Јужен ветер“ ги поздравија фановите во секоја киносала. Им се заблагодарија што дошле да го погледнат филмот и да се дружат со нив, и покрај пандемијата и протоколите.

„Искрено се надеваме дека уживавте во филмот на кој сме многу горди. Наскоро очекувајте и серија, како продолжение на нашето забрзување“, рекоа тие.

Вториот дел на „Јужен ветер“ ја имаше својата премиера на почетокот на ноември во Белград и оттогаш филмот го гледале преку 400.000 гледачи.

Scroll to Top