Еден од водечките германски епидемиолози, во својот говор пред Светскиот здравствен собир, во Берлин, предупреди на прераното прославување на германскиот успех во победата над коронавирусот.
„За да ја надвладееме ситуацијата во следните месеци мораме да промениме некои од работите. Пандемијата со коронавируот допрва ќе почне. И во Германија“, изјавил Дростен и дополнително нагласил дека коронавирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.
„Не мислам дека Германија е подготвена за наредните неколку месеци за да се избори со коронавирусот“, додал тој.
Минхен значително ги заостри мерките против коронавирусот. Во угостителските објекти и јавни простори, дозволено е собирање на само пет луѓе или членови на две домаќинства. Приватните прослави во затворен простор, смеат да се случат само ако максимум има 25 гости, или 50 на отворено.
На некои јавни површини во Минхен исто така задолжително е носење на заштитни маски, а станува збор за популарни места и собирања во главниот град. Строгите мерки би требало да траат околу седум дена.