Германски овчар по име Тинсли, го спасил својот стопан од сигурна смрт, откако ги однел полицајците на местото каде тој доживеал сообраќајна несреќа. Полицајците на почетокот мислеле дека станува збор за изгубено куче.
Тинсли упорно лаел и им досаѓал на полицајците, сè додека не сватиле дека сака да ги однесе на местото на сообраќајката.
Несреќата се случила во државата Њу Хемпшир и благодарене на Тинсли, неговиот стоапн со уште еден човек кој бил со него во колата, навреме добиле медицинска помош.
Двајцата патници биле сериозно повредени откако со камионот излетале од патот во близина на меѓународна раскрсница во Вермонт.
„Кучето се обидуваше да ни покаже нешто“, рече поручникот Даниел Балдасар од полицијата во Њу Хемшир.
„Се обидуваше да побегне од нив, но, не сосема. Пак се враќаше. Како да сакаше да ни каже, следете ме, дојдете со мене. И полицајците тоа и го направија и на нивно изненадување, тие ја видоа оштетената заштитна ограда и погледнаа доле каде што гледаше и кучето. Не можеа да поверуваат“, рече Даниел.