Германски пилоти си даваат откази затоа што не сакаат да војуваат со Русија

Пилотите на германското Воено воздухопловство ја губат желбата за војување и војската на Германија е соочена со голем бран откази, пишува „Контра магазин“.

Во германското Воено воздухопловство има 120 пилоти, кои летаат со повеќенаменски ловци, четврта генерација од Eurofighter Typhoon.

Од нив седум дале отказ уште минатиот викенд.

„Жално е, но оставките не ја загрозуваат нашата борбена готовност“, ја цитира магазинот објавата од службата за односи со јавноста на германското Воено воздухопловство.

Не се јавно објаснети причините, но „Контра магазин“ смета дека причината лежи во агресивната политика на Северноатланската алијанса кон Москва.

„Може да се претпостави дека пилотите едноставно не сакаат да војуваат. Тие не сакаат да учествуваат во подготовките за можна кампања на НАТО против Русија, во рамки на која Германците мораат да одат на фронт“, заклучува весникот.

 

 

Scroll to Top