Германски „Велт“ направи репортажа за пеликаните на Преспанското Езеро

Германскиот магазин „Велт“ направи репортажа посветена на убавините на Преспанското Езеро и незаборавното искуство да се набљудуваат пеликаните, птици кои скоро и да не може да се видат на друго место освен во националните паркови во преспанскиот регион.

Авторката на текстот, Сара Кринге, која за себе вели дека не е познавач на птиците, вели дека она што го видела на Преспанското Езеро ја натерало поинаку да размислува за природата. Таа неколку дена кампувала покрај езерото, меѓу Стење и Коњско. Вели дека уживала во спокојот на природата која била многу дарежлива во овој регион.

„Мислам дека можев да останам уште многу делови и да ги набљудувам пеликаните. Глетката како пливаат по мирната езерска вода, како ловат риби и во таа изолираност како воопшто да не им пречи човечко присуство ме натера своето искуство да го споделам со светот“, пишува во репортажата.

Авторката вели и дека уживала во самотијата и спокојот што го нуди природата, иако е динамична личност која не сака да мирува.

„Се фатив себеси како со часови седам и ги гледам птиците. И тоа не ми пречеше“, напишала таа.

Scroll to Top