Германскиот град Хамбург ќе почне да ги забранува дизел возилата

Хамбург станува првиот германски град што ќе ја спореведе на дело одлуката на германскиот Сојузен суд за забрана за возење на дизел мотори кои не ги задоволуваат Еуро 6 стандардите.

Како што пишува Bloomberg од 31 мај стапува на сила забраната за сите патнички и теретни возила чии дизел мотори не ги исполнуваат пропишаните стандарди. На почетокот забраната ќе се однесува само на поедини клучни улици и авении во Хамбург.

Имено во февруари Сојузниот суд на Германија одлучуваше дали градовите имаат право да забранат движење на одреден тип на возила во квартовите каде што загадувањето на воздухот е константно на високо ниво. Тужбата ја покрена една германска непрофитната организација, којашто се занимава со заштита на животната средина.

Околу 15 милиони од регистрираните возила во Германија имаат дизел мотори, а само 2,7 милиони од нив ги задоволуваат стандардите на Еуро 6. Некои автомобилски компании како што се BMW, Volkswagen и PSA веќе им понудија на сопствениците на дизел мотори во градовите каде што ќе бидат забранети да ги заменат со бензин мотори или Еуро 6 мотори.

Scroll to Top