Германскиот „Титаник“ доживеал пострашна судбина од оригиналниот

Прочуениот нацистички министер за пропаганда Џозеф Гебелс сонувал исто како Адолф Хитлер, Германија да направи брод поголем и посилен и од прочуениот „Титаник“.

Мисијата е спроведена на дело, но никој од врвот на Третиот Рајх не ни сонувал дека бродот Kap Arkona ќе доживее можеби и пострашна судбина од својот славен претходник.

До Јужна Америка за 15 дена

Kap Arkona на своите прекуокеански патувања тргнал во 1927 година. Германците и другите Европјци припадници на најголемата класа биле пренесени до Јужна Америка за 15 дена.

Германците го нарекле „Пловечка палата“, а Гебелс сакал во еден момент да сними и своја верзија на „Титаник“. Сценариото одело во прилог на тоа, Евреите и Британците да бидат виновни за потонувањето на најпознатиот брод на сите времиња.

Филмот никогаш не е снимен затоа што режисерот бил погубен поради проблемот со алкохолот и прекочерувањето на буџетот.

Бродот пред Втората светска војна полека почнал да тоне. Истиот тој брод кој дотогаш имал екипаж од 500 члена и далеку поголем број патници, пишува Express.hr.

Војниците го користеле сè до пред крајот на војната и тогаш послужил како бегство за нацистите во одредени подрачја во Западна Европа.

Последните патувања биле со руски заморчиња во кабините

Kap Arkona на последното патување тргнал во јануари 1945 година. Имало наредба да се уништат сите докази за постоењето на холокаустот, па капетанот на бродот, Јохансен Герц, качил на „Аркона“ околу 5.000 затвореници.

Тоа не биле обични затвореници иако имало и такви, кои главно биле руски заробеници, над кои нацистичките доктори во текот на војната извршиле страшни експерименти.

Капетанот Герц забележал  дека на бродот се тргнати сите чамци за спасување, а на него немало ни пијалаци за вода за затворениците. Му било јасно дека ова е неговото, но и нивно последно патување.

Кога му било кажано дека мора да се врати и да преземе друга тура затвореници, Герц извршил самоубиство.

На небото британските „тајфуни“ како лешинари

Другиот капетан го извел Kap Arkona на следната последна пловидба кон Скандинавија кога среде океанот ги приметил британските „тајфуни“ како лешинари што кружат над неговата глава.

„Тајфуните“ добиле наредба да го исчистат Балтикот од нацистите. Британците го забележале бродот и не знаејќи дека на него се наоѓаат само затвореници, отвориле „пријателски оган“.

Убиени биле 4.750 затвореници. Преживеале само 350. Британските пилоти добиле наредба да пукаат и врз преживеаните.

Така се затворил хорор-кругот со Kap Arkona, кој е еден од симболите на нацистичка Германија и кој станал пловечки ужас поради што и денеска, веројатно, се смета  за најлошиот масакр извршен некогаш на море.

Scroll to Top