Дваесет и четиригодишната Мија Колијама има необична професија. Работи за компанијата Тодо, која се занимава со чистење на домовите на луѓе кои починале. Нивната таканаречена „осамена смрт“ на јапонски јазик значи „кодокуши“, пренесува Алџезеира.
Тоа е сè почест феномен во оваа земја каде што има постара популација. Мија е единствената жена и најмлада вработена во оваа компанија.
„Главно чистам станови и куќи во кои се има случено ‘осамена смрт’, а истовремено ги организирам и нивните погреби“, вели оваа девојка, која со оваа професија се занимава веќе две години.
„Покојниците чии куќи ги чистам во просек лежеле мртви од еден до осум месеци. Понекогаш ги чистам и домовите на луѓето кои починале во болница, кои се убиени или извршиле самоубиство.