„Ова е единствен случај во Полска. Во нашиот центар дојде извршител кој неколку дена претходно исфрлил на улица мајка и нејзиниот болен син и потоа им предложил да им изнајми стан на свој трошок“, изјави Влоџимјеж Волски од локалниот центар за кризни интервенции.
„Можат да останат во станот сè додека не добијат од општината, што може да потрае и неколку месеци. Нема да го објавиме името на извршителот, но морам да кажам дека сум трогнат од неговиот гест“, додаде Волски.
Кога ги исфрлил 60-годишната жена и нејзиниот 35-годишен син во станот извршителот не знаел дека синот се лечи од рак, а дека се задолжиле толку што долговите ја достигнале сумата на вредноста на станот.
„Се разбира, госпоѓата направила голема грешка затоа што не доаѓала на суд на расправа и судот не знаел каква е нејзината семејна ситуација. Пресудил да бидат исфрлени од станот и тоа без права на социјално сместување“, раскажа Волски.