Гимназијалец од Струмица доби светско признание за астрономија и атстрофизика

Димитар Џорлев, талентиран гимназијалец од Струмица, доби светско признание и ја освои наградата „Златна почест“ за астрономија и астрофизика.

Во конкуренција на ученици од 80 земји, Џорлев го доби признанието што го добија само два проценти од учесниците, а тој ја освои и Националната награда за најдобар учесник од Македонија.

Наградата „Златна почест“ се добива за учеството во последната рунда на Меѓународниот натпревар за астономија и астрофизика.

Станува збор за испит од 40 прашања кој бара знаење од областите на астрономијата и астрофизиката. Џорлев освои 35 поени и со тоа влезе меѓу најдобрите учесниците – стои на признанието од организаторите.

 

 

Scroll to Top