Руската главна обвинителка, Јевгенија Шишкина задолжена за корупција е убиена пред својот дом во близина на Москва. Главната руска истражителка задолжена за справување со криминалот и корупцијата е убиена на широко подрачје во Москва, пишува Радио Слободна Европа.
Од московското одделение на Истражниот комитет тврдат дека полковник Јевгенија Шишкина (45) е застрелана во вратот на 10 октомври кога излегла од зградата каде живеела во градот Архангелски, во Краногорската област, покрај Москва.
Портпаролката на комитетот Олга Вради изјавила дека таа веќе подолг период примала закани и дека нејзиното возило било запалено пред неколку месеци.
Рускиот Истражен комитет објавил изјава дека нејзиниот лидер, Александр Бастријкин, лично го превземал водењето на истрагата за нејзиното убиство.