Главниот британски епидемиолог ја убедувал цела нација да остане дома, а тој тајно се гледал со љубовницата

By

Главниот британски епидемиолог, Нил Фергусон, кој го советувал Борис Џонсон да ја наметне мерката за самоизолација во целата земја и сите да останат во карантин додека трае пандемијата со коронавирусот, е истиот тој кој ја прекшрил оваа мерка и тајно се гледал со неговата љубовница, пренесуваат британските медиуми.

Поради ваквиот негов неодговорен однос, Фергусон се најде во голем скандал, поради кој морал да ја напушти својата позиција во Британската влада, пренесува британски „Телеграф“.

Фергусон (51) барал минимално два пати од својата љубовница Антонија Статс (38) да го посети во неговиот дом, кој се наоѓал дури на другиот крај од градот Лондон и на тој начин ги прекршил советите кои самиот тој јавно ги давал на 66 милиони Британци за потребите да се изолираат за да го спречат ширењето на вирусот кој уби 32,375 луѓе.

Во изјавата за неговата оставка, академикот, кој е во брак и има еден син, но се верува дека живеат одделно, признал дека погрешил во својата проценка, но тврдел дека верува дека е имун на болеста, затоа што веќе ја преболел, пренесува „Дејли Мејл“.

Критичарите на Фергусон на социјалните мрежи го нарекле арогантен лицемер и коментирале дека со неговата неодговорна постапка, тој ја поткопал владината порака за самоизолација, во еден од најмрачните денови на пандемијата, каде бројката на смртни случаи во Велика Британија го достигнала пикот во Европа.

„Неверојатно и шокантно. Владата ја следи науката, а научникот не ја следи ниту неговата сопоствена предложена мерка. Каква срамота. Изговорот на професорот Фергусон, е дека бил убеден дека е имун на „Кодив-19“, затоа што претходно го преболел. Но, не постојат никакви научни докази дека луѓето кои го имале, добиваат имунитет. Ова е човекот, типот, „експерт број 1“, на кој Британската влада ја темели целата своја стратегија против коронавирусот“, напишал Пирс Морган на „Твитер“.

„Научниците како него ни рекоа дека не смееме да работиме. Па оттука, ние мораме да работиме како што тој ќе ни каже, а тој работи како што сака. Срамота е што ги прекрши сопствените мерки. Тешко ми е да поверувам дека се работи за интелегентен човек, каков што се смета“, коментирал Иан Данкан Смит поранешниот конзервативен лидер.

„Тој вели дека тоа била погрешна проценка, но јас мислам дека тоа не било никаква проценка. Беше подготвен да ризикува, но кога ќе ризикувате, не се изложувате само себе си, туку и другите. Немаше избор освен да поднесе оставка, затоа што е неприфатливо да сториш такво нешто, кое претходно самиот си го поставил како мерка, а потоа си го предложил и до Владата“, смета доктор Хилари Џонс за емисијата „Добро утро Британијо“.

Апокалиптично предвидување за Британија

Фергусон, инаку угледен епидемиолог, директор на Центарот за глобална анализа на заразни болести на „Империал Колеџ“ во Лондон, напишал извештаи кои содржат апокалиптично предвидување, за тоа дека коронавирусот може да убие 500.000 Британци и дека е нужно да се стави целата земја во карантин од 23. март.

Сепак, на 30. март, госпоѓа Статс, неговата љбовница, која живее со сопргот и нивните две деца во куќа вредна 1,9 милиони фунти, на југот од Лондон, патувала преку целиот град, за да го посети, непочитувајќи ги неговите мерки да се остане дома, сè до јуни.

Неубедливо оправдување на љубовницата

Неговата омажена љубовница, членка на левичарска компанија, која отворено плукала по Борис Џонсон и одлуката за брегзит, на социјалните мрежи, двапати го посетила професорот Фергусон. На 8. април била во втора посета на професорот, убедувајќи ги нејзините пријатели дека нејзиниот сопруг е академик во триесетите години и дека покажувал симптоми на коронавирус, пишува британски „Телеграф“.

Госпоѓа Статс, наводно инсистирала на тоа нејзините посети на научникот дека не се лицемерни, со оглед на тоа дека двајцата живеат во иста куќа и дека се во отворена врска.

Научникот Фергусон ја предал оставката на тајниот одбор на експерти на SAGE, кој го советуав премиерот, но се чини дека Колеџот од Лондон, ќе застане во одбрана на него. Од факултетот изјавилде дека денес професорот Фергусон ќе продолжи со работа и на своето важно и нужно истражување.

 

Ќе ви се допадне