Глупавиот потег на Шешељ не смее да ги загорзи односите меѓу Србија и Хрватска

Поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска Весна Пушиќ, вели дека односите меѓу Хрватска и Србија секогаш ќе бидат комплицирани.

Во Белград изминатата недела се одржа расправа на тема „Незгодни соседи“, каде акцент беше ставено на односите меѓу Србија и Хрватска.

Во изминатите неколку недели главна тема беше инцидентот кој го направи српскиот лидер на радикалите Војислав Шешељ, во кој Србинот го газеше хрватското знаме и почна да ја навредува хрватската делегација, која била принудена да ја прекине посетата на Србија. После тоа Хрватска го прогласи министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, за непосакувана личност, на што Србија одговори реципрочно, па истата судбина го снајде и неговиот хрватски колега Дамир Критичевиќ.

По овој повод поранешната министерка за надворешни работи Пушиќ, ја прокоментира новонастанатата ситуација во однос на Хрватска и Србија и кој има корист од напнатите односи меѓу двете соседни држави. Пушиќ исто така ја прокоментирала и постапката на лидерот на радикалите Војислав Шешељ во моментите на дочекување на хрватската делегација.

„Тој според моето мислење е една моментална ситуација која не е добра, но не можам да и дадам преголемо значење. Тој на еден или друг начин ќе мора да се повлече. Иако мислам дека тоа било обид за еден глуп инцидент кој се случил во Белград во организацијата на Војислав Шешељ. Шешељ навистина не би смеело да ги диктира односите меѓу Хрватска и Србија и да претвори нешто што би можело да придонсе за реципроцитет. Тука нема реципроцитет, тоа е една глупост, на која треба да се реагира“, изјавила Пушиќ за „Espreso “.

Пушиќ за медиумите изјавила дека не мисли дека тоа е нешто што би требало да ги дефинира односите меѓу Хрватска и Србија во иднина, и дека таквите односи треба да ги дефинираат луѓе кои имаат некаква иднина.

„Тие луѓе засега не се слушаат доволно, но мислам дека дојде време тие односи да не се базираат повеќе на љубов, ни на омраза, затоа што тоа се две многу слични чувства и емоции. Така што не треба да се става акцент на емоциите, туку на рационалните интереси. Во овој момент интересите на Хрватска, како и интересите на Србија, никој не ги интересира“, вели Пушиќ за медиумите.

Во продолжение на разговорот, Весна Пушиќ изјавила дека иако односите меѓу Хрватска и Србија секогаш ќе биде комплициран.

„Не можеме да очекуваме дека тие односи нема да бидат комплицирани. Секогаш ќе бидат комплицирани и на едно поголемо ниво. Дури не само на ниво на омраза“, заклучила Весна Пушиќ за медиумите и додала дека политичките партии низ напнатите односи меѓу Србија и Хрватска го хомогенизираат избирачкото тело.

Scroll to Top