Гневна толпа каменуваше педофил до смрт

Педофилот што бил фатен од страна на толпа додека силувал 6-годишно девојче бил каменуван до смрт уште пред да стигне полицијата да го уапси.

Случајот на убиството го истражува полицијата, а од таму велат дека инцидентот се случил наводно на 23 октомври во 13.30 часот.

Непознатиот маж, за кој се верува дека бил во своите 40-ти години, се соочил со гневот на граѓаните во градот Дурбан, во Јужноафриканската Република, каде што гневната толпа почнала да го мава со камења поради половиот напад врз малолетното дете.

Како што соопштиле од полицијата, човекот бил нападнат од толпата поради тоа, како што тврдат сведоците, го силувал девојчето, случај на кој службите веќе работат паралелно со неговото убиство.

Неговото тело е пронајдено меѓу грмушките во непосредна близина на еден автопат.

 

Scroll to Top