Го истетовирал дресот на својот омилен клуб на целото торзо

Маурисио дос Анхос од Санта Катарина е навивач на фудбалскиот клуб Фламенго од Рио де Жанеиро. Маурисио толку мноу го сака овој клуб поради што решил да го истетовира дресот на Флеменго од двете страни на своето тело.

Тату мајсторите на телото на Маурисио работеле една година, односно во 32 термини потрошиле 90 часа за да ја завршат работата. Кога завршиле, навивачот на кожата го добил дресот на Фламенго со бројот 10 на грбот.

На социјалните мрежи многумина го поддржаа неговиот гест, некои не, го нарекоа лудак. Сепак неговиот потег го
поздравиле клупските легенди Зико и Андраде. Овие двајца му подариле по дрес на својот сонародник.

„Тетоважата е заслужна што конечно успеав да го запознам Зико. Ме прегрна како да ми е татко. Во тој момент очите ми се наполнија со солзи. Горд сум што те запознав“, напишал Маурисио на социјалните мрежи.

Инаку, Зико играл за Фламенго од 1985 до 1989, а Андраде многу повеќе од 1974 до 1988 година. Исто така Андраде бил и тренер на Фламенго во 2004 и 2005 година и во сезоната 2009/2010.

Scroll to Top