Го излекувала ракот со помош на зачинот куркума

By

67-годишната Диена Фергусон со години безуспешно се борела против леукемијата, а сега конечно успеала да ја запре оваа болест со помош на состојката што секогаш е присутна во секоја кујна.

dobivaj vesti na viber

Таа сега води целосно нормален живот, без никаква потреба од напорните третмани.

Лекарите тврдат дека ова е првпат пациент да успее да се оздрави од опасната болест користејќи обичен зачин кога конвенционалните медицински третмани не дале никакви резултати.

Кога болеста почнала да се шири со голема брзина низ нејзиното тело и кога ги поминала сите медицински третмани, 67-годишна жена почнала секојдневно да зема осум грама куркума.

– Според нашите сознанија, ова е прв случај во кој куркумата покажала резултати кај прогресивната болест без традиционални третмани – тврдат нејзините доктори од британската болница.

Тие тврдат дека овој зачин може да ги заштити луѓето од неколку видови рак, како и од Алцхајмерова болест, болест на срцето и од депресија.

Ќе ви се допадне