Го лажела сопругот дека е бремена, а потоа и дека се породила

Жена од Република Српска со месеци ја лажирала својата бременост, а потоа го излажала сопругот дека се породила. Таа најмалку четири дена се криела во просториите на Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука, пишуваат тамошните медиуми.

Од УКЦ велат дека влегла во породилниот објект врз основа на друг наод. Оттаму велат дека облечена во пижами се движела главно во заеднички простории, како што се ходници, тоалети и чекалници. Кога дознале дека воопшто не била хоспитализирана во нивната институција, ја известиле полицијата по што полициските службеници ја идентификувале и ја отстраниле од просториите на УКЦ на Република Српска, без дополнителна истрага бидејќи немало нарушување на јавниот ред и мир.

Случајот бил откриен во целост кога сопругот се обидел да го пријави детето во градската управа на Бања Лука откога била забележана сомнителна пријава за раѓање дете испратена по е-пошта.

„Бидејќи детето не е родено и постои сомневање за сторено кривично дело, УКЦ на Република Српска ги извести Полициската станица Лауш и надлежното Обвинителство, кои го презедоа случајот за понатамошни дејства. Мерките за безбедност во УКЦ на Република Српска беа подигнати на повисоко ниво за време на овие настани“, појаснуваат тие во УКЦ на Република Српска.

Scroll to Top