Го нудела кучето на „Фејсбук“ за да добие парфем

Извесна Нина на својот фејсбук-профил објавила фотографија од своето куче од расата малтизер. Но, под фотографијата пишува дека кучето, старо три години, го нуди како замена за парфем или гардероба.

Оваа понуда наиде на воодушевување кај љубителите на миленици, но и на осуда поради тоа што кучето го нуди за парфем или гардероба како да не е живо суштество.

„Срамно е да се нуди куче, а да се бара парфем за возврат“, пишуваат на социјалните мрежи.

Scroll to Top