Си го продал синот затоа што не можел да најде работа

Кинез ѝ го продал своето бебе за 19.000 евра на жена што ја запознал преку интернет кога ја изгубил работата за време на пандемијата на коронавирусот.

Станува збор за работник мигрант, кој веќе имал два сина, а на полицијата им пренел дека се соочил со големи финансиски проблеми затоа што останал без работа.

Тој наводно ја убедил сопругата, која била во блажена состојба, да се согласи на оваа противзаконска продажба. Тие ѝ го продале бебето пред тоа да наполни 40 дена на жена што очајно сакала да им го земе.

Полицијата дознала за трансакцијата сосема случајно. Жената им била сомнителна на органите на редот додека патувала со воз заедно со детето.

Полицајците ја замолиле да се симне од возот во градот Хефеј, а таа по испитувањето, признала дека платила за бебето. Локалната полиција веднаш повела истрага и дознала дека биолошките родители се мигранти што работат во Кина.

Двојката веќе има два сина, на седум и две години возраст. Кога мајката забременила третпат, таа морала да престане да работи. Нејзиниот сопруг не можел да најде работа поради пандемијата, па сакал да заработи со продажбата на бебето.

На таткото сега му се заканува затворска казна од 10 години поради трговија со деца, а во некои случаи ваквите казни достигнуваат и до доживотна робија, па дури и смртна казна.

Scroll to Top