На социјалните мрежи во изминатиот период особено актуелни беа фотографиите од медицинските установи, условите во кои се работи во нив и низата негативни коментари за целиот здравствен систем, но не е се така црно, работите одат напред.
Пациентка од Битола која инсистираше на анонимност до нашата редакција достави информација и благодарница до момче од персоналот на Клиничката болница кој и го спасил животот.
Во пораката до нашата редакција вели дека не постојат зборови со кои може да искаже бескрајна благодарност до медицинското лице од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола. На нашата читателка не и беше познато името на момчето, но ни испрати фотографија која ја споделивме со вас. Ова е херојот на денот!