Го заборавил бебето во автомобил на педесет степени

Едногодишното девојче Катер, кое неодамна било посвоено од брачната двојка Мет и Џени Баркер, починало откако нејзиниот татко ја заборавил во автомобил во кој останала десет часа заробена на пеколни горештини.

Таткото, кој тој ден требало да замине на службено патување, го однел девојчето во градинка, заедно со постарото дете (5), а потоа се вратил дома, го паркирал автомобилот и со такси побрзал да го фати авионот.

Кога мајката во попладневните часови се вратила од работа, заминала да ги земе децата од градинка, но не ја затекнала малата Катер. Воспитувачките ѝ рекле дека таткото воопшто не ја довел тоа утро.

Откако го добила сопругот на телефон, констатирале дека детето го заборавил во автомобил. Десет часа подоцна, мајката го пронашла на задното седиште пред куќата.

Џени се обидела со вештачко дишење да ја врати во живот, но било предоцна, а лекарите во болницата  ја констатирале нејзината смрт.

Покрената е истрага за случајот, а се претпоставува дека девојчето починало од екстремна топлина во автомобилот. На денот на несреќата температурата изнесувала околу 32 степени, што значи дека во автомобилот било околу 50 степени.

Scroll to Top