Годинава ќе има Евросонг, во план се три сценарија по кои ќе се одржува во Ротердам

Натпреварот за песна за Евровизија 2021 во холандскиот град Ротердам ќе се одржи во мај со ограничувања и епидемиолошки мерки поради пандемијата на коронавирусот, објавија организаторите во средата.

„Некои настапи ќе бидат во живо со епидемиолошки мерки“, рекоа организаторите, без да кажат  дали ќе биде дозволена публика. Некои земји ќе може да доставуваат снимени настапи од своите претставници.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави вест поврзана со годинешниот натпревар за песна на Евровизија, што треба да се одржи во Ротердам, Холандија.

Лани беше откажан изборот за песна на Евровизија среде пандемијата на коронавирусот. Организаторите уште есенва имаа на лагер неколку можни сценарија за организација. Сценариото А вклучува нормална организација на Евровизија како и во сите претходни години, со публика и изведувачи на сцената во живо. Сепак, ова сценарио, дефинитивно, е отпишано и тие велат дека ќе одлучат до мај дали сценариото Б, Ц или Д ќе се реализира.

Спорд сценариото Б, процентот на публика во салата е намален на 80 отсто, во прес-центарот може да има само 500 новинари, а 1.000 виртуелно би го следеле натпреварот. Сите изведувачи и посетители што би присуствувале во живо треба да се придржуваат на растојание од 1,5 метар.

Во сценаријата Ц и Д никој од изведувачите и членовите на делегациите не би дошол во Ротердам, но претставите ќе се емитуваат во живо од националните телевизиски студија. Во сценариото Ц публиката ќе биде во живо во салата, а сите новинари ќе присуствуваат на шоуто, но виртуелно. Најстрогото, сценариото Д, предвидува претстава без публика во салата и без придружни настани.

Scroll to Top