(Видео) Ѓоковиќ ги поддржа протестите во Србија против власта и рудникот за литиум

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги поддржа протестите во Србија кои деновиве се случија против законските измени кои ги прави власта по мерка на гигантот „Рио Тинто“.

Илјадници демонстранти излегоа на улиците против отворањето на рудникот за литиум во областа Јадар, а тенисерот објави фотографија од вчерашната блогада на мостот „Газела“ во Белград.

„Чист воздух, вода и храна се клучот на здравјето. Без тоа, секој збор за ‘здравје’ е вишок“, рече Ѓоковиќ.

Илјадници луѓе вчера ги блокираа главните патишта ширум земјата и упатија порака дека проектот ќе ги загади земјата и водите во Србија. Тие се незадоволни од планот да им се дозволи на „Рио Тинто“ да отвори рудник за литум во Србија.

Протести се одржаа во повеќе градови во Србија. Имаше и такви кои излегоа против демонстрантите, во Белград и во Нови Сад, по што дојде до неколку тепачки, пренесоа некои од тамошните медиуми.

Минатиот викенд се случи еден поголем инцидент, во кој маскирани лица нападнаа луѓе на собир во Шабац. Низ социјалните мрежи се раширија информации дека власта намерно праќа хулигани за да на секој начин ги запре протестите.

Scroll to Top