Голем број лажни вести доаѓаат од Македонија

Голем број лажни вести доаѓаат од Македонија, изјави извршниот директор на „Фејсбук“ Марк Цукенберг, кој денеска околу час и половина одговараше на прашањата на пратениците од Европскиот парламент.

Тој рече дека „Фејсбук“ веќе има поставено забрана на голем број страници што објавуваат лажни вести.

Цукенберг се извини пред европратениците за скандалот со протекување на податоци на корисниците на
социјалната мрежа, за потребите на агенцијата „Кембриџ аналитика“, како и влијанието на тој скандал врз
околу 2,7 милиони граѓани на Европската унија.

Обраќајќи им се лидерите на парламентарните групи во Европскиот парламент во Брисел, Цукенберг укажал
на важноста на Фејсбук за Европејците и нагласил дека му е жал затоа што не направил доволно за да
спречи злоупотреба на платформата.

Scroll to Top