Оваа недела нè очекува студено време со пониски температури од минатите денови, дожд во градовите и снег на планините. До крајот на неделата се очекуваат врнежи од снег и во некои од повисоките места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе се засили во Повардарието. Температрите во градовите ќе паднат и до -6 степени во текот на ноќта.
Под влијание на влажен и студен воздушен бран кој доаѓа од северозапад, цела недела времето ќе биде променливо облачно. Врнежите кои во вторник ќе ги има на северозапад и на северот од земјата, в среда ќе се прошират на целата територија на Македонија и ќе бидат поинтензивни на запад. Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми овие денови.
Најстудено ќе биде кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, кога постои можност за снег и во некои градови. До четврток наутро на повеќе места температурата ќе падне под нулата. В четврток и в петок времето ќе се стабилизира, а температирите ќе почнат да растат.