„Голф 1“ се продава за неверојатни 19.000 евра

Љубителите на автомобилите биле шокирани кога на социјалните мрежи се проширила веста дека на најголемиот сајт за продажба на половни возила се појави првиот модел на „голф“ произведен во 1983 година, а сопственикот го нуди за сензационални 19.000 евра!

Патрик Мелке од Штутгарт објавил на сајтот „mobile.de“ оглас во кој за примерокот од првата генерација „голф ГТИ“ бара 19.000 евра, иако возилото на овој модел и старост можат да се најдат за цена на чија цифра ќе ѝ се одземат две нули од гореспоменатата.

Сепак, не е во прашање грешка при поставувањето на огласот туку модификуван примерот на многу популарниот модел.

„За сите за кои возењето е забава“, беше една од уводните реченици во материјалите поделени на новинарите во 1976 година на претставувањето на „голф ГТИ“. Фразата која најдобро го опишува создавањето на моделот со кој „Фолксваген“ воведе нов сегмент на автомобили и ја присили конкуренцијата на престројување.

Кога повторно се појави на пазарот чинел 13.859 германски марки. Моторот со коњски сили во возилото тежок е 810 килограми, гарантира кревање на брзината до стотка за 8,2 секунди и максимални 182 километри на час, а силен адут му се робустноста, сигурноста и умерената потрошувачка.

Можеби не е случајно што овој жител на Штутгард одлучил токму на 40-годишнината од продолжувањето на моделот да го понуди својот примерок на продажба. Неговиот „голф“ значително е изменет, моторот е фризиран па наместо стандардните 110 развива неверојатно 600 коњски сили. Исто така е бојадисан со специјална боја, вградени се големи црвени алуминиумски фелни. Во огласот се наведува дека автомобилот е произведен во 1983 година и преминал само 5000 километри, а на сликата може да се види и внатрешноста на возилото која е во исклучителна состојба.

Сепак, тоа не ја објаснува во целост високата цена, особено што за 19.000 евра може да се купи многу „потазе“ и полуксузен модел спортски автомобил. Веројатно поради тоа, гордиот сопственик на овој „голф ГТИ“ напишал дека во последно време примил премногу повици од недоволно сериозни купци, па нагласил дека никакво ценкање не доаѓа предвид.

Ни останува само да чекаме и дознаеме дали ќе се најде доволно голем вљубеник за легендарниот ГТИ или Патрик ќе мора да се задоволи со помала цифра за својот миленик.

 

 

 

 

Scroll to Top