Голото момче со гитара им се спротивстави на полицајците

By
Речиси 223.000 луѓе протестираа во вторникот во Франција поради реформите на законот за работа што ги планира претседателот на земјата, Емануел Макрон. На демонстрациите се уапсени 13 лица, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.Истовремено, најголемиот француски синдикат, Генералната конфедерација за работа (CGT), процени дека на протестите учествувале 400.000 луѓе, пренесува АФП со процена дека вчерашните демонстрации биле прв сериозен предизвик за Макрон поради неговото главно предизборно ветување.

Вчера полициските сили за сузбивање на нередите влегоа во конфликт со младите демонстранти во периодот на најголемиот протест во центарот на Париз против реформата на законот за труд.

Полицијата употреби водни топови и ги уапси сите демонстранти, јави „Ројтерс“.

Сепак, едно момче реши да излезе пред полицијата голо, со гитара која му го прекри интимниот дел од телото, и во еден момент засвири и ја запеа „Не губиме ништо“.

Во пресрет на денешните протести во земјата поради спорните измени на законот за работа, GGT повика 4.000 члена на штрајк, а вработените во железницата, јавните служби и студентите се повикани да протестираат на улиците во Париз, Марсеј и во Тулуз.

Гледајте го видеото:

 

Ќе ви се допадне

AniWatch watch anime free: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 7 (https://aniwatch.pro/m/BgB5/ep-7)

GoGoAnime gogoanime one punch man: The Daily Life of the Immortal King (https://gogoanime.be/m/RzGr) Episode 15