Град Скопје денес ќе ја урива галијата кај „Холидеј ин“

Град Скопје денеска ќе почне да ја урива галијата кај хотелот „Холидеј ин“. Ова е една од трите галии што беа поставени во реката Вардар, а е дел од проектот „Скопје 2014“.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, уште лани во јуни најави дека е раскинат договорот со сопственикот на бродот бидејќи не платил кирија за 4 месеци. Со тоа се прекршени одредбите од договорот и може да се отстрани без Градот да биде тужен и да плаќа пенали. Рокот на користење беше 10 години од почнување со работа, а месечната кирија 64.999 денари.

Галијата ќе ја отстрануваат екипи од ЈП „Улици и патишта“ со асистенција на полицијата.

Scroll to Top